Утре во Македонија се одржуваат предвремените парламентарни избори и вториот круг на претседателските избори.
Доколку граѓаните не се сигурни на кое избирачко место гласаат, со внесување на своите податоци можат да проверат на Интернет.
Со пишување на вашиот матичен број, ќе можете да погледнете на кое место утре можете да го остварите вашето гласачко право.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080.