Падна договор – ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе прават нова влада


ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во заедничко соопштение информираа дека одлучиле да формираат ново парламентарно мнозинство.

gruevski_ahmeti_644841773Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучиле главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции.

„Оттука ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес. Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ке работат со засилена динамика на зацртаните економски цели. Во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно партиите за постигнатите резултати, и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на партиите кои ја сочинуваат владата“, пишува во заедничкото соопштение.

Партиите на Груевски и Ахмети информираат дека нивните преговарачките групи „продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1