Од Скопје во живо во Копенхаген беше вклучен Марко Марк, кој ги соопшти резултатите од гласањето на Македонците. Првпат ниеден поен не му доделивме на јужниот сосед.
Поените од 1 до 8, 10 и 12 се комбинација од телефонското гласање и на стручното жири, кое вчера гласаше за своите фаворити.
12 поени за Црна Гора, 10 за Унгарија и 8 за Ерменија им додели Македонија на земјите претстанички на „Евровизија“.
Македонија и додели 3 поени на Австрија и контроверзниот претставник Кончита Вурст.