Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево и свежо, а само во јужните и југоисточните делови на земјава ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Утриските температури ќе се движат од 10°C до 20°C.
Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, додека поладнето се очекува да биде нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици, со засилен северен и северозападен ветер. Во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Максималните температури се очекува да е движат од 22°C до 33°C. Во недела стабилизација на временската состојба, ке биде претежно сончево, свежо и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринската температура од 9°C до 20°C, а максималната дневна температура ке се движи од 20°C до 30°C. Од понеделник следува период на сончево и топло време, со постепен пораст на температурите. Максималните дневни температури ке се движат од 26°C до 37°C.