Голем број на Белграѓани се собраа пред Комбанк арената поради организирано заминување во загрозените подрачја, поради што била направена селекција од 200 до 300 најподготвени кои ќе бидат испратени во Обреновац.
Иако повикот важел само за мажи, репортерите на „Блиц“ пренесуваат дека и по некоја девојка успеала да се провлече и да оди во поплавените подрачја.
-Одам да ја бранам мојата земја. Не гледам друг начин освен да помогнам со голи раце. Не ми е тешко, дури иако тоа би значело дека можам да се повредам или пак да го загубам животот. На Србија сме и потребни повеќе од кога и да е, вели за српските медиуми Бојан Марковиќ (31) од Белград.