На социјалните мрежи, голем број Хрвати кои живеат во Македонија се разочарани затоа што средства и пари се собираат само за поплавените подрачја во Србија и во Босна, а Хрватска никој не ја споменал. Сепак во моментот кога акцијата се најави најзагрозени беа Србија и Босна а Хрватска немаше побарано помош. Хуманите македонци донираат за сите братски народи на кои им е потребно – акцијата се уште трае.
Сепак со зголемувањето на Сава и Хрватска е се попогодена од надојдената вода.
Имено во Славонскиот дел на Хрватска, реката Сава го проби насипот и потопи неколку села. Поради континуиран раст на реката Сава кај Славонски Шамац и Сикиревац од синоќа е прогласена вондредна состојба и на подрачјето на Бродско-посавската жупанија, каде помага армијата.
Нивото на Сава во подрачјето на Славонски брод расте по четири сантиметри на час, а на територијата на Србија расте по три сантиметри на час. На фотографиите се снимени последиците од прелевањето на Сава во Хрватска.