Хрватите во Македонија разочарани од селективната помош при поплавите


На социјалните мрежи, голем број Хрвати кои живеат во Македонија се разочарани затоа што средства и пари се собираат само за поплавените подрачја во Србија и во Босна, а Хрватска никој не ја споменал.  Сепак во моментот кога акцијата се најави најзагрозени беа Србија и Босна а Хрватска немаше побарано помош. Хуманите македонци донираат за сите братски народи на кои им е потребно – акцијата се уште трае. 

Сепак со зголемувањето на Сава и Хрватска е се попогодена од надојдената вода.

Имено во Славонскиот дел на Хрватска, реката Сава го проби насипот и потопи неколку села. Поради континуиран раст на реката Сава кај Славонски Шамац и Сикиревац од синоќа е прогласена вондредна состојба и на подрачјето на Бродско-посавската жупанија, каде помага армијата. 

Нивото на Сава во подрачјето на Славонски брод расте по четири сантиметри на час, а на територијата на Србија расте по три сантиметри на час. На фотографиите се снимени последиците од прелевањето на Сава во Хрватска.

Untitledghjhjkk Untitledhfgh UntitleddghfUntitledhijhuUntitledlklki 

 

 

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1