Ѓорче ечи од лелеците на мајката на убиениот тинејџер – Гори дуќан, искршени прозори, Свеќи за загинатото момче


Мајката на Ангел П. како во бунило, бесцелно се вртеше околу полициските и возилата на брза помош близу до местото каде што го убија нејзиниот син на скалите од очната клиника во скопската населба Ѓорче Петров. „Ми го заклаа ангелот”, во солзи по стоти пат ја повтори истата реченица мајката на Ангел.

19052014221523_sveki gorce petrovРеволтот вечерва по убиството на младиот Ангел во Ѓорче Петров излезе од контрола. Во моментов според информациите на плус инфо, гори дуќан, а се демонстрира и насилство при што се искршени повеќе прозори на објекти, објавија повеќе медиуми.

На местото каде е убиено младото момче голем број на жители на Скопје, палат свеќи.

Во тек е и седница на советот на општината, која се одржува вечерва откако беше итно свикана.

Фото – Нова Македонија

Таткото бил со убиеното 19 год момче, бркале крадец, тој го прободел детето – нереди во Ѓорче

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1