Ова е Ангел – 19 годишно момче, матурант во медицинското училиште. Во четвртокот ја прославил својата матура, бил весел и едвај чекал да продолжи со следната фаза од неговиот живот.
Оваа фотографија ја споделуваат неговите другари на социјалните мрежи изразувајќи неверување дека повеќе не е меѓу нив. За него сите имаат само пофални зборови. Бил еден од најкротките во друштвото, добро момче, не правел проблеми. Имал големи соништа за себе и својот живот во иднина.
Вчера кога со својот татко се враќал дома затекнал како му го крадат точакот – инстиктивно почнал да го брка крадецот кој се дрзнал да им влезе во нивниот дом. Го стасал пред Европската очна клиника. По него трчал и таткото – но Ангел бил побрз и прв стасал до крадецот. Тој се завртел и со нож го прободел Ангел два пати во срцето.
Таткото приближувајќи се го гледал сето тоа. Детето се струполило на земја, а околу него локва крв. Таткото неможел ништо да стори – гледал како неговиот син крвари на скалите од болницата. Ангел веднаш починал од здобиените убоди.
Таткото бил со убиеното 19 год момче, бркале крадец, тој го прободел детето – нереди во Ѓорче
Се расчула веста – стасала и до неговата мајка која веднаш дотрчала.
Нејзините лелеци го преплавија Ѓорче Петров. Луѓе ми го заклаа детето викала избезумената жена. Шок за родителите, шок за населбата.
Ѓорче ечи од лелеците на мајката на убиениот тинејџер – Гори дуќан, искршени прозори, Свеќи за загинатото момче
неверување и гнев резултираа со собирање на граѓани на улицата каде беше извршено убиството. Бараа веднаш правда.
(Foto – Mkd.mk)
Превртени автомобили, запалени локали и контејнери и многу гнев траеа се до доцните часови.
По што гневот се претвори во неизмерна тага – стотици запалени свеќи на улицата за прерано и згаснат млад живот поради еден точак.
ВИДЕО/ФОТО: Гори Ѓорче Петров по убиството на момчето
Крадецот – нечовекот, ѕверот како сакате наречете го, кој за еден точак го прободе младиот ангел директно во срцето е уапсен експресно. Не е битно што националност е, не е битно затоа што епитетите за него се Крадец, Убиец, Нечовек кој без размислување зема нечии живот.
Полицијата веќе го расчистува случајот. Но која казна е соодветна за вакво монструозно дело ?? има ли соодветна казна за згаснат живот на млад човек кој никому не наштетил?
Почивај во мир Ангел 🙁