Руската компанија специјализирана за антивирусен софтвер „Касперски Лаб“ откри нов компјутерски вирус чија главна мета се финансиските трансакции.
Новата закана „Gaus“ е откриен на Блискиот исток, развиен е да ги шпиунира пред се финансиските трансакции, но способен е да предизвика хаос и во електронската пошта како и во социјалните мрежи, информираат од антивирусната компанија.
Вирусот е создаден во истите лаборатории како и „staksnet“ и „flejm“, способен е да ги нападне комјутерите кои што контролираат големи инфраструктурни системи.
Руските експерти тврдат дека „gaus“ инфицирал повеќе од 2.000 комјутери во Либан, Израел, Саудиска Арабија и на палестинските територии. Во иран засега е регистриран само еден заразен комјутер.