Двајца тинејџери се повредени по несреќата во луна-паркот Billy Bates во Leicester во Англија.
Една од корпите, во која биле две 16-годишни момчиња се откачила по што тие се здобиле со сериозни повреди.
Поради скршени рака и ребра и повреда на градниот кош, Danny Keogh морал да замине на операција, а Conor Baker ги скршил забите и носот.
Двајцата тинејџери биле во корпата во моментот на откачувањето. Едниот од нив, буквално излетал, дедека вториот паднали и бил пригмечен од рингишпилската корпа.
Во моментот на несреќата, луна-паркот бил преполн со деца, а истрагата за причините за откачувањето на корпата е во тек.