Хаос на италијанските аеродроми, патниците заглавени на терминалите


Италијанската компанија “Винд Џет“, која е во сериозни финансиски проблеми, ги суспендираше сите свои летови и стотици патници останаа блокирани на аеродромите.

На римскиот аеродром “Фјумичино“ ноќеска преспале околу 200 Израелци кои требало да летаат за Тел Авив. Денеска биле откажани најмалку пет летови.

Компанијата чие седиште е во Сицилија е многу блиску до губење на дозволата за работа за тоа што пропаднале договорите за преземање на компанијата од страна на државната “Алиталија“.

Британски Би-Би-Си пишува дека дополнителен хаос ќе се создаде во наредните неколку недели, затоа што околу 300.000 патници букирале карти во “Винд Џет“.

Националната авиокомпанија “Алиталија“ соопшти дека ќе и помогне на “Винд Џет“ да најде алтернативни летови, но само доколку и биде доплатено.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1