По пишувањата на албанските медиуми дека познатата пејачка, Аделина Тахири е претепана од страна на нејзиното поранешно момче, со реакција се јави лично таа.
Таа во изјава за Телеграф ги демантира сите шпекулации кои што денеска се појавија во медиумите.
-Веќе сум изморена од глупости, не е точно дека некој ме претепал. Нормално дека тоа не е вистина, изјави кусо Аделина.
Инаку албанските медиуми пишуваа дека наводно синот на вицепремиерот, Муса Џафери ја претепал Аделина, откако таа со нејзиното момче и нејзиnиот брат го посетија барот „ Bar Square” во Скопје, исто така сопственост на синот на Џафери.
Иако од МВР велат дека имало пријавено случај од страна на лице А.Т (1992) сепак не потврдија дека станува збор за пејачката Аделина Тахири, пишува Нетпрес.
„Синоќа во 1.50 часот по полноќ стигна пријава дека на паркингот на улицата „Стив Наумов“ лицето А.Т (1992) и нејзиниот брат биле нападнати од непознати лица. МВР работи на расчистување на случајот,“ велат од МВР.