Словенечката агенција за управување на капитални инвестиции на својата веб страница го објави тендерот за продажба на авиокомпанијата.
Сите кои се заинтересирани за купување на оваа авиокомпанија може да ги испраќаат своите понуди до 10 септември. Се продаваат 75,87 проценти од акциите на авиокомпанијата, а може да се купат во пакет сите акции.
Адрија ервејс ја продава Словенскат агенција за управување на капитални вложувањата , Нова Љубљанска банка, Абанка Випа,Специјална консултантска компанија, Хипо Алпе Адриа банка и Уникредит. Тие се сопственици на 99,87 отсто од авиокомпанијата.
Продажбата е предвидена со програмата на продажба на државниот имот од 2010 и 2011 година.