Адријана Лима бремена во првиот календар на „Pirelli“ без голотија (Видео)


Мажите секоја година со нетрпение го очекуваат излегувањето на календарот на „Pirelli“, затоа што знаат дека за уметничките фотографии избраните модели не се срамат да покажат повеќе кожа. Во изминативе години Марио Соренти, Карл Лагерфелд и Тери Ричардон не се колебаа дали да ги насочат своите објективи кон разголените манекенки.

Но, кога светски признатиот фотограф Стив МекКари прифати да го преземе кормилото на календарот за 2013 година, неговата визија не вклучуваше голи згодни тела.

„Си помислив зошто да не најдеме модели кои не се само прекрасни и убави, туку и прават добри дела“ – изјавил тој на промоцијата одржана во Рио.

Сите славни дами кои се појавуваат во овогодишниот календар поддржуваат хуманитарни или невладини организации, или други хуманитарни проекти. Поради подлабокиот пристап, Стив го нарече овој календар „календар на душата“.

Една од манекенките е Адријана Лима, која е првата трудница што се појавува во календар на „Pirelli“

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1