Цигарите го “стареат“ мозокот


Пушењето и високиот крвен притисок кои што се познати ризик фактори за многу кардиоваскуларни заболувања имаат и дополнителен штетен ефект врз мозокот, велат експертите.

Истражувачите од Кралскиот Колеџ во Лондон ги прегледувале податоците на над 8 000 испитаници во кои биле вклучени информации за крвниот притисок, нивото на холестерол, индексот на телесна маса (БМИ) како и прашањето дали се активни пушачи.

Испитаниците по четири и осум години правеле когнитивни тестови, при што истражувачите забележале дека пушењето било постојано поврзано со пониска когнитивна способност кај луѓето над 50 години.

Исто така, и оние кои што имале висок БМИ, зголемен крвен притисок и зголемен ризик за мозочен удар добиле пониски резултати на когнитивните тестови.

Резултатите од истражувањето кои што се објавени во журналот Age and Ageing велат дека пушењето и другите ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања се поврзани со намалување на когнитивните способности

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1