Адвокатите се откажаа- нема да го бранат Салах Абдеслам


Адвокатите на Салах Абдеслам, единствениот преживеан извршител на нападот во Париз од 13 ноември, се откажаа од одбраната.

– И двајцата решивме да се откажаме да го браниме. Убедени сме дека тој нема да зборува и ќе го користи правото да молчи, изјави францускиот адвокат Франк Бертон, пренесувајќи го ставот и на неговиот колега Свен Мари.pariz-terorizam-terorista-salah-abdeslam-foto-reuters-1453130605-826527-724x400

– Во положба како нашата, што сакате да направиме? Го кажавме ова уште на почетокот. Ние предупредивме дека ако нашиот клиент реши да молчи, ние ќе престанеме да го браниме, објасни Бертон.

Мари дополни, дека двајцата имале чувство како да одат на „само да се гледаат“ при посетите на Абдеслам во затворот.

Белгискиот џихадист, за кого е покренато обвинение во врска со терористичкиот напад во Париз во кој беа убиени 130 лица, од 27 април е затворен во самица и е под постојан видео-надзор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1