Адвокатот на Милошевиќ, Јованка Броз.. тврди – Слоба скапо го чинеа 2 најлонски кеси од Србија


Ги бранев најважните луѓе во државата- Слободан Милошевиќ, Јованка Броз, Борко Вучиќ, Жарко Лаушевиќ, целиот врв на СПС и осудените за 700 убиства- вели најпознатиот српски адвокат Тома Фила. Запаметен е во правосудството по ставот дека „ако треба ќе го брани и ѓаволот“. Тој додава дека убијците се полесни за соработка, за разлика од политичарите

toma fila-Моралните дилеми, дали ќе бранам некој кој ги извалкал рацете со крв, ја расчистив одамна со себе. Во моментот кога ќе влезам во судницата, престанувам да идам човек и станувам адвокат, затоа што тоа место не е за емоции- вели Фила.

Тој истакнува дека претседателот Слободан Милошевиќ, бил впечатлива личност.

-Нему никогаш вистински не му беше грижа, во Хаг да ја докаже својата невиност. Зборуваше дека би сакал да го увери светот, во тоа што навистина се случувало на просторот на СФРЈ. Беше тврдоглав. Во Хаг, самиот покажа документи кои не му одеа во прилог. Но најстрашното што го доживеав во тој процес, беше фактот дека документите кои беа користени против него во Хаг, пристигнаа од Белград во Трибуналот во две најлонски кеси на кои пишуваше „Долче вита“ (Сладок живот). Тогашниот началник на генералштабот Небојша Павковиќ строго доверливите државни тајни ги предаде во две најлон кеси- открива Фила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1