AFP објави: 20.000 лица на митингот во Скопје


Француската новинска агенција Франс прес (AFP) јавува дека на митингот против Владата во Скопје излегле повеќе од 20.000 граѓани.

-Над 20.000 граѓани на митинг бараат македонската Влада да се повлече, објави AFP.frans-pres

Со ваквите пишувања, се потврдија информациите кои пред малку ги објави Курир дека по 4 месеци силење, само 19 до 20 илјади лица собра СДСМ на денешниот протест и покрај жестоките притисоци кои ги правеше кон нивните членови и активисти и кон администрацијата во општините под нивна контрола.

Објавата на Франс прес дека на собирот учествувале нешто повеќе од 20.000 граѓани, реално покажува какво фијаско доживеаа СДСМ и Заев, кој вчера најавуваше дека на митингот ќе собере 100.000 лица, а успеа да обезбеди поддршка само од една петина од нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1