ХОВИТ:Дојдов да слушам, нема да лоцирам вина


Jас работев на асоцијацијата на Македонија во ЕУ и за жал на некој начин овој процес оди  назад наместо напред,  изјави поранешниот европратеник за Македонија во Европскиот пареламент, Ричард Ховит.

hovit

-Не можете да седите на страна, додека постои сериозна политичка криза во државата. Тука сум да слушам, да чујам што ќе се зборува и се надевам дека посредништвото од ЕУ, може да помогне во решавањето на политичката криза во државата.

Јас сум тука да набљудувам и нема  да се обидам да лоцирам вина кај едната или другата страна, тоа не е одговорно однесување, во случај кога сте дел од посредништвото кое треба да ја разреши политичката криза. Но јас верувам дека Европа треба да следи што се случува во земјата, заради страшниот терористички напад кој се случи во Куманово, пред една недела, каде загинаа 18 луѓе. Се надевам дека тоа не е знак за враќање на меѓуетничкото насилство. Не сакаме тоа да се случува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1