Ах, љубов: Ја крадел фирмата да ги плати силиконите на девојката


Работник во ланецот сендвичари “Subway”, украл неколку илјади фунти за да ги задоволи потребите на својата девојка.

Скот Остин прв пат “позајмил” пари од своето работно место кога немал да плати за струја, а неговата мајка не била дома.

gradiМеѓутоа, за тоа дознала неговата девојка, кога почнала да бара од него да украде повеќе пари. Се заканувала, дека ако не го направи тоа, ќе се јави во полиција и ќе го остави. На неа парите и биле потребни за пластични операции, а најпрво за вградување на силикони.

Остин украл 4.000 фунти за една година, пред шефот да забележи дека нешто не е во ред. Тој го фатил како краде преку надзорните камери.

Кога му кажале дека е откриен, Скот се предал во полицијата и не ја видел својата девојка.

“Звучи како многу опасна девојка. Тој не видел ни пара од сето тоа, бидејќи се’ и дал на неа”, рекол неговиот адвокат Ли Мот.

Изгледа дека девојката на Остин била толку посветена на тоа да ги зголеми градите, па решила да го уценува и малтретира овој човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1