Ахмети: ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни


ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни, потврди претседателот на партијата Али Ахмети и го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да го преиначи ставот и да гледа, како што рече, да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија.

– Тие не треба да се самоисклучат, туку треба да бидат дел од процесот бидејќи нема да има корист ниту СДСМ ниту нивните гласачи, рече Ахмети во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М.ali-ahmeti-dui

Во периодот што следи, Ахмети е сигурен дека ќе има контакти со олеснувачи и помагачи на договорот од Пржино. Тој смета дека треба да се почитува овој договор, а самото почитување на договорот ќе значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5 јуни.

На прашањето дали е можна средба и на четворицата лидери на најголемите политички партии, Ахмети истакна дека не мисли оти една таква средба може да се организира и оти на потег се меѓународните претставници.

– Сега мислам и моја проценка е дека следува работата на нашите меѓународни пријатели кои треба да разговараат и да бараат објаснување од Зоран Заев зошто тој дал таква изјава, која според мене е малку избрзана. Сите опозициски партии прават постојани притисоци врз партиите на власт за да организираат предвремени избори и овој случај ме изненадува. Тој треба да е единствен глас кој треба да бара предвремени избори со цел да се реши кризата и работите да се стават во насока на конечно решение, рече Ахмети.

За Ахмети, единствен начин да се постават работите во вистинска насока е одржување избори на 5 јуни и тоа, подвлече, нема алтернатива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1