Напад врз лекар ќе се казнува исто како напад врз полицаец


Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска рече дека се преземени мерки во однос на барањата на лекарите за поголеми казни од редовните санкции за кривично дело напад, за сите што ќе ги нападнат додека тие ја вршат својата професија.lekari03

– Во таа насока веќе се донесени законски измени во постоечкиот Закон за здравствена заштита, кои беа одобрени и од Лекарската комора и од Македонското лекарско друштво (МЛД). Со нив се предвидува одредба со која напад на лекар се смета за напад на службено лице, што значи дека казната е исклучително висока и е иста како да се нападне полицаец или друго службено лице – рече Тодоров.

Во последните две години имало најмалку пет инциденти на лекари со пациенти. А најсвеж е примерот со лекарот во кого пукаше син на пациентка и тешко го повреди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1