Премиерот Никола Груевски ќе си поднесе оставка на 10 јануари. Ова вечерва го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при гостувањето во телевизија Алсат М.
Како што стои во Договорот од Пржино, Груевски треба да си замине од функцијата премиер најдоцна до 15 јануари.
Ахмети нагласи според Договорот од Пржино иако со задоцнување од десетина дена, сепак се спороведува. Според него останува отворено уште прашањето за медиумите, како и оставка на Груевски, по што ќе се составува новата Влада.