Лидерите на партиите кои се на средба во Клубот на пратениците излегоа на пауза во дворот од задната страна на Клубот по што разговорите продолжуваат.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев се упати на левата страна од дворот, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е сосема десно на спротивна страна.
Лидерите на ДПА и ДУИ, Тачи и Ахмети седнаа заедно на иста маса да разговараат.
Аиво Орав и Џес Бејли се во холот на Клубот.
Неофицијално според најавите се очекува на крај од средбата да се потпише заедничка декларација.