Ахмети-Не се јасни мотивите и целите за нападот во Куманово


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за австрискиот весник “Пресе” потврдува дека некои борци на поранешната ОНА во Македонија биле дел од вооружената група во Куманово, но нагласува дека нивните мотиви и цели не му се јасни и оти нема причина за нова војна, објави МИА.

– ОНА во Македонија беше демобилизирана во 2001 година како што беше договорено со мировната спогодба од Охрид. Лицата кои сега се повикуваат на ОНА тоа го прават како поединци. Тие не можат да говорат во име на организацијата и не дејствуваат во согласност со одлуката од 2001 година, истакнува Ахмети.ali-ahmeti-dui
Тоа што познава некои членови на кумановската група, според лидерот на ДУИ, не значи дека поддржуваат какви било цели кои се спротивни на тоа што е договорено во Охрид во 2001. Формирањето и целите на кумановската група остануваат тајна, вели Ахмети, додавајќи оти не сака да учествува во теориите на заговор што се шират низ медиумите.

Ахмети изразува загриженост од реакциите што доаѓаат од Москва во врска со случувањата во Македонија.

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека евроатлантското проширување на Балканот претставува провокација за Русија. Пред неколку дена тврдеше и дека настаните во Македонија се провоцирани од НАТО, ЕУ и Вашингтон. Тоа силно го отфрлам. Сите наши граѓани, Македонци, Албанци…, јасно истакнаа дека сакаат пристапување во НАТО, изјави Ахмети.

Според него, постои можност Русија да се обидува да го зголеми влијанието во Македонија и порачува дека Москва во тоа нема да успее бидејќи е спротивно на она за што се залагаат мнозинството македонски граѓани.

ahmeti
Прашан дали по судирите во Куманово постои опасност од нова војна, Ахмети негира таква опасност, додавајќи оти нема причина за тоа.

Лидерот на ДУИ смета и дека нема потреба за ревизија на Охридскиот договор или за креирање нов за да се регулира соживотот меѓу Албанците и Македонците во Македонија.

– Секој обид за нови договори би бил чекор назад. Мораме да се трудиме духот и одредбите на Охридскиот договор да бидат претворени во дело, вели Ахмети.

Како обврска од Рамковниот договор која, според него, се уште не е реализирана, е употребата на албанскиот јазик како официјален. Смета дека Охридскиот договор и Уставот јасно кажуваат дека албанскиот треба да биде официјален јазик во Македонија, но, како што наведува, македонската страна тоа го толкува поразлично поради што се повикани експерти од Белгија и Швајцарија кои треба да помогнат околу законското уредување на употребата на албанскиот јазик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1