Ахмети во униформа на УЧК со честитки за косовската војска


Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, во униформа на УЧК го честита формирањето на кососвката војска. На јавноста и е познато дека Ахмети беше активен учесник во косовската ОВК во војната во 1999 година,од каде му беше понудена и пензија, за во 2001 година како врховен командант застане на чело на паравоената ОНА.

– Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите.

Косовската војска е уште еден темел на мирот и стабилноста на целиот регион со евроатланска перспектива што од денес, не само Косово, туку и цела Југоисточна Европа, добива уште еден сојузник во напорите за изградба на демократските западни капацитети во нашите држави, достојни за интеграција во НАТО и Европската унија, меѓу другото напиша Ахмети во честитката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1