Ахмети: Вознемирен сум што Села ме обвини дека сум нарачател на неговата ликвидација


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со новинарите го критикуваше коалицирањето на останатите партии на Албанците пред вториот круг локални избори и праша зошто тоа не го направиле пред првиот круг.

– Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја зазема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите. Села не е подготвен за големи процеси – изјави Ахмети.

Tој рече дека е мошне вознемирен од вчерашната изјава на Села, дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираат и политички.

Ахмети очекува победа на изборите в недела упатувајќи критика кон политичките противници Алијанса за Албанците и Беса, дека и тие како и ВМРО-ДПМНЕ воделе погрешна политика и поради тоа бележеле лоши изборни резултати. Додаде дека очекува мирен изборен ден, фер и демократски, во средините каде што се води тесна битка за гласови.

-Јас не сум тој кој урива, потпалува и гази. Тоа ќе се случи од страна на граѓаните на 29 октомври. Јас очекувам мирни и демократски избори, луѓето да гласаат без заплашувања и притисоци, вели Ахмети.

Ахмети не сакаше да го коментира присуството на Љубе Бошковски на средбата во Тетово, тој се правдаше дека се работело за митинг на СДСМ, а не на ДУИ и тие, според него, имале право да поканат кого сакаат. На новинарски прашања за консензуален претседател на државата, Ахмети рече дека сè уште не разговарале со Заев на таа тема, но не ја исклучува можноста тоа прашање да се отвори. Лидерот на ДУИ додаде и дека не е заборавена Декларацијата на Албанците, таа, како што рече, веќе се спроведува преку Законот за албанскиот јазик, кој е во собраниска процедура. Ахмети зборуваше и за учеството на албанскиот фактор во спорот со Грција, реформите во судството, а ги повика и Обвинителството, СЈО и меѓународната заедница да отворат истрага за сите функционери на ДУИ и ако има сомневања и индиции дека направиле криминали од 2002 година, па сè до денес, да бидат изведени пред лицето на правдата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1