Црногорците изнајдоа уште еден начин за справување со високите сметки за струја. Тие се почесто почнале да купуваат смарт телефони со апликција која ја спречува работата на броилото, пренесуваат тамошните медиуми.
Телефоните со посебен софтвер и инсталирани апликации кои служат за намалување на потрошувачката на електрична енергија, се продаваат на неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми.
Продавач на телефони тврди дека пред продажбата секој купувач може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати.
Корисник на Фејсбук профилот „Продажба на телефони Подгорица“ тврди дека во понудата ја има спомената апликација што ја попречува работата на броилото и на тој начин ја намалува потрошувачката.
Смартфоните со инсталирана апликација за попречување на работата броилото на одреден корисник се продаваат од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.