Aј нека не фатат сега: Kрадат електрична енергија со мобилен телефон?!


Црногорците изнајдоа уште еден начин за справување со високите сметки за струја. Тие се почесто почнале да купуваат смарт телефони со апликција која ја спречува работата на броилото, пренесуваат тамошните медиуми.

Телефоните со посебен софтвер и инсталирани апликации кои служат за намалување на потрошувачката на електрична енергија, се продаваат на неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми.092023chargeiphonefaster

Продавач на телефони тврди дека пред продажбата секој купувач може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати.

Корисник на Фејсбук профилот „Продажба на телефони Подгорица“ тврди дека во понудата ја има спомената апликација што ја попречува работата на броилото и на тој начин ја намалува потрошувачката.

Смартфоните со инсталирана апликација за попречување на работата броилото на одреден корисник се продаваат од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1