Американците направиле специјален авион во случај ако дојде крајот на светот.
Овој авион подсетува на голема летачка канцеларија каква што има и во претседателскиот авион Air Force One. Станува збор за адаптиран авион 747 E-4B „National Airborne Operations Center“ со кој наводно прертседателот на САД летал и по терористичкиот напад на 11.септември.
Овој авион може да издржи и нуклеарни напади, удари од астероид, како и терористички напади. Авионот може да лета со денови без да има потреба од дополнување на гориво. Меѓутоа со оглед на тоа што горивото мора да се стави додека авионот е во мирување и на копно, летот со него може да трае најмногу седум дена.
Авионот има три нивоа и може да собере 112 лица.
Иако американската Влада избегнува да зборува за овој авион, на 13-годишнината од терористичкиот напад врз „Кулите близначки“, поранешниот претседател Џорџ Буш на Твитер напиша „Еве како изгледа авионот за судниот ден. Беше језиво да се види посебно на денешен ден“.