Ако го чувате стариот мобилен, може да го продадете за 1.000 евра!


Се` поголем број корисници имаат желба да се вратат на стари, класични телефони на кои батеријата им трае и до недела дена, едноставни се за користење и речиси неуништливи во однос на нивните „помали браќа“ – паметните телефони. Поради ова, старите модели како Нокиа, Моторола и Ериксон достигнуваат цена и до 1.000 евра.

nokia– Постојат луѓе на кои цената не им претставува проблем, па така имаме модели кои чинат над 1.000 евра. Нивната цена е висока поради тоа што во денешно време тешко е да се најдат, изјави Џесем Хадад кој во 2009 година го отвори сајтот vintagemobile.fr.

Така на пример Нокиа 8800 Арте Голд моментално чини 1.000 евра, додека обична Нокаа 8800 може да се купи за 250. Хадад мислел дека од оваа работа нема да биде ништо, но минатата година продажбата значително скокнала.

Во претходните две до три години, преку неговиот сајт, продадени се повеќе од десет илјади стари мобилни телефони.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1