Бугарските граѓани ќе имаат нови лични карти и пасоши од почетокот на 2018 година откако во Парламентот ќе помине второто читање на измените на Законот за бугарски лични документи, соопштија бугарските медиуми.
Во новите лични карти и пасоши ќе има вграден електронски носител на информации – чип кој ќе содржи биометриски податоци на сопственикот како и електронски потпис. Новите документи за идентификација треба да почнат да се користат од 1 јануари 2018 година.
Меѓународниот пасош исто така ќе биде биометриски и со електронски потпис и крипографски клучеви.
Бугарските лични документи издадени до тој датум ќе бидат валидни до истекувањето на рокот.