Полицијата во Франција ги предупредува родителите да не објавуваат фотографии од своите деца на Фејсбук бидејќи може да ја загрозат нивната сигурност изложувајќи ги на педофилите кои постојано демнат , но и да ја загрозат нивната приватност.
Според француските закони, како што пишува британски „Телеграф“, родителите може да завршат во затвор и да платат казна од 45.000 евра ако објават приватни детали од други лица, вклучувајќи и деца.
Стручњакот за право и етика поврзани со интернет, Ерик Делакроа тврди дека „децата за неколку години лесно ќе може да ги тужат своите родители поради објавување на нивни фотографии кога биле мали“.
Адвокатката Вивиан Гелес исто така истакнала дека родителите се одговорни и дека мораат да ги штитат фотографиите на своите деца.
Од друга страна, двајцата предупредуваат дека родителите мора да размислуваат за фотографиите кои ги објавуваат поставувајќи си го прашањето како адолесцентите и постарите деца ќе се соочат со нив подоцна.
По објавеното предупредување на родителите од страна на полицијата да не објавуваат фотографии, некои од нив се отстранети додека во Фејсбук го разгледуваат системот кој би ги предупредил родителите кога фотографиите на своите деца ќе ги објавуваат јавно.