Ако „Метју“ и „Никол“ се судрат Флорида ја чека катастрофа – Обама прогласи вонредна состојба


На брегот на американската држава Флорида би можело да се судрат двата урагани „Метју“ кој го опустоши Хаити и „Никол“, тропска бура која прерасна во ураган од прва категорија.

Како што јавуваат американскиот медиуми, прогнозите се дека Метју за кратко ќе ја погоди Флорида, но тоа не е најлошото што може да се случи.metju-nikol

По формирањето од тропска бура во ураган Никол на Атланскиот Океан, постои можност од приближување на две воздушни маси и создавање на таканаречен Фуџиварин ефект.

Првичните прогнози велат дека по ударот во Флорида, Метју би требало да тргне кон Атлантикот, а доколку дојде до контакт меѓу двата урагани ситуацијата ќе биде поинаква.

Фуџиварин ефект значи дека двата центри на ураганите кружат еден околу друг и ја намалуваат оддалеченоста меѓу подрачјето на низок воздушен притисок. Ако тоа се случи, би значело дека Метју повторно ќе се сврти и ќе тргне назад кон Флорида за нов удар.

Ураганот Метју на Хаити однесен 339 животи, а американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во три американски држави. Покрај во Флорида вонредна состојба е прогласена во Џорџија и Јужна Каролина.

Обама издаде наредба за доставување федерална помош како поддршка на државните и локалните напори, давајќи им со тоа овластување на Министерството за национална безбедност и Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координираат напорите за ублажување и отстранување на последниците од катастрофата.

Американскиот претседател претходно во четвртокот прогласи вонредна состојба на Флорида поради приближување на „Метју“.

Властите на американските држави Флорида и Џорџија наредија евакуација на најмалку два милиона луѓе поради опасноста од „Метју“, кој претходно ги погоди Карибите.

Властите на Хаити во меѓувреме соопштија дека билансот жртвите на ураганот, кој претходно оваа недела мина преку Хаити, достигнал 339 лица.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1