Посетителите на барови, ресторани и кафулиња во Грција ќе можат да не ги плаќаат сметките, ако не добијат фискална сметка, ќе предложи Министерството за развој, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.
Целта на мерката е да се ограничи затајувањето даноци.
Во продавниците, каде се продаваат индустриски стоки, цените треба да се впишуваат со и без ДДВ, како на етикетите, така и на касата.