Ако се греете на струја, мора да го промените кабелот!


Кога корисниците ќе престанат да ја користат топлинската енергија што им ја испорачува Топлификација, доколку се греат на струја, неопходно е да побараат нова енергетска согласност, пишува Вечер. 

struja1Со тоа што се греат на струја ја загрозуваат безбедноста на мрежата за електрична енергија. Зградите во коишто поголемиот број станари го откажале парното, многу често остануваат без струја, бидејќи трафостаниците не можат да го издржат напонот, осигурувачите нонстоп прегоруваат, а жителите остануваат и по неколку часа без струја.

Од ЕВН Македонија укажуваат дека постои правилник според кои е регулирана оваа проблематика. Според оваа одлука единечен трошок за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем за приклучување на корисници на среден напон достигнуваат 2.121 денари за киловат-час, за низок напон со одобрена врвна моќност поголема од 40 киловат-часови изнесува 3.990 денари, додека единечниот трошок за создавање технички услови во дистрибутивниот систем за приклучување на корисници на низок напон со одобрена врвна моќност помала или еднаква на 40 киловат-часови изнесува 2.564 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1