Ако се уште поседувате книжни банкноти од 10 и 50 денари, од 15 мај ќе мора да ги замените!


Од 10 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек новите полимерни банкноти во апоени од 10 и 50 денари.

Истовремено ќе се изврши и повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов.

Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ.

Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1