Зборовите на хрватскиот монструм кој ја избодел својата бремена девојка 88 пати, ја оставиле судницата во шок


На судењето на 20-годишниот Давид Комшиќ, обвинет дека на 22. февруари минатата година ја убил својата поранешна девојка Кристина Крупљан, задавајќи и вкупно 88 убодни рани во нејзината “Opel Astra”, откако таа му соопштила дека ја раскинува врската.

“На 22. февруари во 21:30 часот во автомобил “Opel Astra”, откако убиената Кристина Крупљан се вратила од ноќно излегување, по што Кристина му кажала на Давид дека е бремена и дека има нова врска, тој со нож од 9 сантиметри и задал 73 убодни рани 15 рани по телото и главата, по што таа починала на самото место од раните на вратот и градниот кош, а тој се упатил во непознат правец”.

На прашањето на судијата дали се смета за виновен по обвиненијата, тој изјавил дека и натаму не смета дека е виновен и дека се било една голем несреќа.

Наталија Славица, обвинителка во овој процес, рекла дека начинот на кој Комшиќ ја убил Кристина е суров. Таа во своето обраќање зборувала и за потребното време некој да зададе 88 убоди со нож.

“Обидете се да мавтате со раката 88 пати и ќе видите колку е долго тоа време, а за Кристина тоа било време полно со ужас. Кристина била свесна за смртта и не починала веднаш, и трпела тешко патење. Тоа негово однесување дава елементи за суровост”, рекла таа меѓу другото.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1