Словенечкиот авиопревозник Адриа ервејс од 22 април на патниците во економска класа ќе почне да им наплатува за храна и пиење.
Со тој потег авиопревозникот се приближува до нискотарифниот модел. Патниците во бизнис класата ќе продолжат да добиваат полна услуга, со оброк.
Адриа послужува храна во бизнис класата на сите свои летови, како и на летовите во економската класа за Брисел, Истанбул и Москва, а на останатите летови Адриа послужува грицки, вода, кафе и чај, а по 22 април и тоа ќе го наплатува.