Секој ден пешачи 30 километри со синот-инвалид на грб, за да го школува


Ју Ксуканг секој ден го носи својот 12-годишен син во училиште. момчето има траен инвалидитет и не може да се движи, најблиското училиште е на малку повеќе од 7 километри оддалеченост а во реонот не постои никаков превоз. Така, таткото поминува 30-тина километри дневно, носејќи го синот на плеќи (буквално), само за да му овозможи подобри шанси во животот.

tatko

yuxukang_41-600x449Ју има 40-години и се развел со сопругата пред 9 години. Сам се грижи за синот, а кога не го носи или враќа од училиште, работи секакви работи за да спечали некоја пара.

„Станувам секое утро во 5 часот, спремам доручек за синот да појадува, пешачам 7 километри до училиштето, а потоа се враќам овде за да работам… Знам дека мојот син е инвалид, ама затоа мозокот му е здрав… Иако има 12 години, тој е висок само 90 сантиметри. Сепак, јас сум горд што тој веќе е најдобар во класот и знам дека ќе постигне големи нешта“.

Нивната приказна допре до срцата на многумина, а стигна и до кинеската влада, која вети дека ќе им изгради куќа поблиску до училиштето, за да му го олесни товарот на овој неверојатно посветен татко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1