Aктивираа вирус стар 30.000 години – и убедуваат било безбедно


Француски научници успеаја да оживеат вирус стар 30.000 години, кој е пронајден во длабоките слоеви на сибирскиот траен мраз

bakteria-virus-labaratorija11Вирусот „Питховирус сиберицум“ по одмрзнувањето повторно станал заразен, но научниците тврдат дека тој не претставува опасност за луѓето или животните.

– Првпат гледаме вирус кој по толку време се уште е заразен, изјави професор Жан-Мишел Клаверие од Националниот центар за научни истражувања (ЦНРС) од францускиот Универзитет Аикс-Марсеј.

Вирусот „Питховирус сиберицум“ е пронајден на длабочина од 30 метри и припаѓа на родот џиновски вируси откриени пред десет години. Тие се толку големи што можат да се видат без микроскоп.

– Вирусот влегува во клетката на амебата се размножува и на крај ја убива клетката. Тој може да ја уништи амебата, но не може да ја зарази човековата клетка, посочи Шантал Абергел од ЦНРС.

Научниците веруваат дека во сибирскиот мраз има и други вируси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1