Путин: Ако може Косово, може и Крим


Претседателот на Русија, Владимир Путин, говорејќи за ситуацијата во Украина, ја спореди ситуацијата на Крим и на Косово и наведе дека луѓето имаат право да ја одредат својата судбина

putin 456На прашањето дали го разгледува припојувањето на Крим со Русија, Путин одговори одречно, а потоа додаде дека верува оти луѓето во услови на слобода на изразување и безбедност „можат и мораат самите да одлучуваат за својата иднина“.

-И, ако тоа им е дозволено, да речеме на косовските Албанци, ако е дозволено тоа да се направи во многу краеви на светот, тоа право на народот на самоопределување, вкоренето е во релевантните документи на ОН и колку што знам не е поништено. Меѓутоа, ние сега тоа не го правиме, ниту имаме намера да провоцираме такви одлуки, нити сакаме да ги подгрејуваме таквите настојувања- рече тој.

Путин нагласи дека верува дека само луѓето кои живеат на некои територии имаат право да одлучуваат за својата судбина.

Путин рече дека Русија не сака воена интервенција во Украина, но дека го задржува правото на примена на сила како крајна мерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1