Дали сте меѓу ограбените? Хакери исцедиле 2 милиона денари од македонски сметки


Хакери од земјава лани исцедиле домашни и странски сметки заработувајќи над 2 милиона денари најчесто преку купување најразновидна стока или трошејќи пари украдени од фалсификувани кредитни картички.

cards_1774129bНекој од нив работеле сами, но најчесто станува збор за добро организирани криминални групи. Секој член во групата бил задолжен за еден дел од работата – од обезбедување соодветна опрема, податоци за платежните картички, па с` до крајната работа -празнење на сметките.

Од полицијата издвојуваат два случаи како покарактеристични во кои се откриени две криминални групи. Едната група која броела 11 члена главно „пазарела“ со лажни картички од ПОС-терминали на продажни места. Тие купувале најразновидна стока стекнувајќи заработувајќи преку 240.000 денари.

Во вториот случај, станува збор за седумчлена група која во 19 случаи на банкомати на домашни банки монтирале скимери, специјални апарати за кражба на лични податоци. На тој начин обезбедиле податоци од платежни картички, а потоа извршиле вкупно 475 нелегални трансакции заработувајќи 1,8 милион денари.

Во останатите случаи на компјутерски криминал сторителите со фалсификувани платежни картички на странски или на наши државјани плаќале услуги и купувале производи, вршеле нелегални трансакции на ПОС-терминали инсталирани на продажни места.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1