Активисти од Србија и Унгарија ја пресекоа бодликавата жица меѓу двете земји


Активисти од Србија и Унгарија ја пресекоа оградата од бодликава жица на границата меѓу двете земји.

Иницијатори на иницијативите „Не на оградите во Европа“ и „Балкански пат“ денеска симболично ја пресекоа оградата на границата меѓу Унгарија и Србија и изјавија дека во 21. век во Европа не смее да постојат огради.ograda migranti ungarija

Милица Манчоќ, новинар и преведувачка од Белград, иницијатор на иницијативата „Не на оградите во Европа“, изјави дека ѕидовите меѓу државите се симбол на омразата, на поделбите меѓу луѓето и се антиевропски.

– Кој тука се оградува? Дали Србија е во логор или Унгарија е во логор, целата таа ограда потсетува на логор? Неодамнешната смрт на 71 бегалец е последица на политиката, која ја одобри таа ограда, истакна Манчиќ.

Дорд Каук, новинар и политичар од Будимпешта, автор на проектот „Балкански патишта“, изјави дека оградата треба да исчезне.

– Доколку со бегалците се однесуваме како со животни, всушност ние се претвораме во животни. Да ја спречиме таа лудост, да покажеме солидарност, изјави Какук.

Тој додаде дека светот наместо да става огради треба да стори се за да се спречат војните во земјите, од кои доаѓаат бегалците.

Акцијата беше спроведена денеска на местото, каде железничката линија Хоргош-Сегед преминува од Србија во Унгарија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1