Скопската обиколница затворена од утре до 28 септември поради снимање филм


Обиколницата крај Скопје од утре до 28-ми овој месец  ќе биде затворена за сообраќај  секој работен ден од 7 до 19 часот на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ)

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.obikolnica.jpg-500

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „.2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

– Филмот ќе се снима на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1