Акцијата „Решето“ откри 34 мигранти, од кои 13 деца во Лојане (Видео)


Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, Министерството за внатрешни работи денеска ја реализираше координираната акција „Решето“ чија цел беше спречување на илегална миграција и откривање на лица од селата од кумановско-липковскиот регион кои за одреден паричен надомест вршат прифаќање на илегални мигранти по потекло од азиските и африканските земји, времено засолнувајќи ги во своите домови, а за потребите на меѓународни организирани криминални групи кои вршат криумчарење мигрнати од Р.Грција преку територијата на Р.Македонија и Р.Србија кон земјите на ЕУ.

lojane-Поголем број на припадници на специјалните полициски единици утринава влегоа во селото Лојане, по претходно обезбедени Наредби за претресна дом и други простории од ОС Скопје 1 Скопје. Извршени се претреси во 10 објекти во с.Лојане, при што во шест се пронајдени вкупно 34 мигранти кои потекнуваат од азиските и афричките земји меѓу кои Бангладеж, Пакистан, Алжир, Авганистан и други. На дел од лицата се уште не им е утврден идентитетот и потеклото и се работи на тоа.

Меѓу пронајдените мигранти 13 се малолетни лица кои се затекнати без родители. Мигрантите од страна на сопствениците на објектите биле прифаќани во зависност од потребата и договорот, односно или биле илегално префрлани преку државната граница или биле засолнувани одреден временски период, а за истото им било наплатувано по 10 евра од ден, со што жиетлите на Лојане вклучени во овој криминал се стекнувале со значителна противправна имотна корист, соопштуваат од МВР.

akcijaПри извршените претреси во дом и други простории кај лицата кај кои се пронајдени мигранти, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени шест кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Шестемина осомничени и приведени се жители на лојане на возраст од 31 до 46 години. Против лицата кај кои се пронајдени засолнати малолетни лица ќе бидат поднесени пријави и за чл.418-б ст.4 од КЗ на РМ за кој е предвидена казна затвор од најмалку осум години.

Во објектите кадешто се извршени претреси, а не се пронајдени мигранти утврдено е дека во истите има прилагодени простории за сместување и престој на лица. Воедно при претресите пронајдени се две ловни пушки и два гасни пиштола за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оперативната акција е во тек и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случаите како и откривање на други лица инволвирани во овој вид на криминална активност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1