Индијанец од племето Навахо обучувал наши граничари да следат траги


Индијанец од племето Навахо обучувал македонски граничари да следат траги.

Брајан Нез од племето Навахо од Соединетите Американски Држави, инаку експерт за читање траги, бил дециден дека секој остава трага зад себе. Им нагласил дека правилното читање траги може да спаси нечиј живот. – Сите работи за трагите ги научил од својот дедо.

Граничниот полицаец од Kавадарци Орданче Kуковски е еден од тие што бил на оваа несекојдневната обука и со задоволство го опишува искуството, пишува Дневник.Индијанецот им зборувал за показателите за времето, па им кажал дека кога на тревата имало роса, немало да има дожд. И обратно, ако е тревата сува кога ќе осамне, да очекуваат дожд до вечерта.

indijanec navaho i nasi– Прв пат видов вистински Индијанец. Дотогаш Индијанци можев да видам само на телевизија. И навистина, имаше нешто посебно во тој човек, некоја харизма. Неговиот поглед зборуваше за мудроста, а насмевката за добродушноста. Бев среќен што сум еден од осумнаесеттемина избрани гранични полицајци од Македонија да ја посетуваат обуката за следење траги, која ја држеше тој. Kако што дознавме, мексиканската мафија дава награда од 100.000 долари за тој што ќе ~ го испорача жив или мртов – вели Kуковски.

Им кажал дека има 5 деца и сите работеле во граничниот оддел на американската полиција, каде што и самиот работел. Живеел на границата со Мексико и како пензионер со огромно искуство држел предавања во Македонија, Украина, Турција, Белорусија.

– Научивме дека рано изутрина или рано навечер е идеалното време за следење траги, кога сонцето е над хоризонтот. Следењето траги напладне е многу тешко а ноќното следење траги не се препорачува, со исклучок на ситуации кога се работи за живот и смрт – објаснува полицаецот.

Целата сторија на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1