ЛЕНКА: Работниците на висококатниците немале слободен ден 5 месеци – работат 18 часа дневно


Движењето за социјална правда ЛЕНКА упати јавен повик до трудовиот инспекторат итно да изврши контрола во општина Аеродром каде што се градат висококатниците поради, како што вели, злоупотреба на работниците кои ја градат зградата, пишува Лобертас.

ggevahirПовикот на ЛЕНКА доаѓа непосредно по информацијата дека починал повредениот молер кој работел на висококатниците и кој пред неколку дена настрада во пожар во објектот. Работник кој е ангажиран на висококатниците се пожалил кај ЛЕНКА дека она што се случувало таму било надвор од сите процедури, а работниците биле истоштувани, работеле и ден и ноќ и досега немале ниту еден слободен ден цели пет месеци.

-Турската компанија има рок од шест години да го заврши проектот, а таа си поставила цел тоа да го заврши за три – па секој ден има потреба од ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА на дел од работниците, исто така и секоја недела е работна за повеќето од нас (има работници што по повеќе од пет месеци воопшто немаат одмарано ниту еден слободен ден)!!! Сите работи околу армирање се работат додека се гледа, а после навечер доаѓа бетон и се бетонира претходно спреманиот спрат, тоа трае до еден по полноќ, а неретко и 2 и 3 часот – по што следува перење на пумпата за бетон на дел од работниците (тоа одзема уште половина час). Значи работниците се на градилиште од 8 сабајле до 1 или 2 по полноќ (тоа се некогаш 18 РАБОТНИ ЧАСОВИ во еден ден!!!) и сабајле повторно мора да бидат во 8 часот на работно место!

Има исклучително ризични работи на градилиштето (како сечење со шлајф машина, движење по штици на огромна височина…) и ова може да предизвика сериозни последици. Но и вакво нешто да не се случи, работниците се истоштени и хронично уморни, освен тоа работат и под огромен псхолошки ПРИТИСОК, затоа што фирмата има вработено специјално луѓе кои ке контролираат дали работниците работат. Овие „пастири“ се невидено ДРСКИ, чудно е како немаат грам совест, и не ни даваат ни воздишка да земеме. Ова е бетер од оние познати описи на ранокапиталистичката експлоатација која се случувала порано…“!, пишува во повикот на ЛЕНКА до трудовиот инспекторат.

Движењето за социјална правда ЛЕНКА е едно од најангажираните во областа на заштитата на работничките права. Активистите на ЛЕНКА се постојано на терен помеѓу работниците, а често бесплатно ги застапуваат и на суд.

Либертас

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1