Ал Каеда планирала да разнесе 5 авиони во Европа за Божиќ!


Терористи на Ал Каеда во пресрет на Божиќ имале намера во европскиот воздушен простор да разнесат пет авиони, пишува британски „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на европски разузнавачки извори.

avion ukraina

„Сите очекуваат нешто катастрофално многу наскоро. Нам ни е кажано дека цел на „многу важен“ напад околу Божиќ се пет авиони над Европа“, изјавил изворот на овој весник.

Лондонските власти наводно први ја откриле опасноста која веројатно се однесува на авиони кои летаат меѓу европски градови. Од безбедносните служби изјавиле дека терористите имале намера да прошверцуваат бомби во рачниот багаж што ќе го земат со себе во авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1